Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил уште еднаш укажа на придобивките од вакцинацијата.
-Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес, напиша Филипче.
Секој кој сака да се вакцинира може да се пријави на vakcinacija.mk