Филипче: СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација

од Milan1
66 прегледи

СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за Конгресот на партијата.

Ова го изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион.

„Задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински организации. Тоа се луѓе кои уживаат широка доверба во своите заедници и имаат капацитет да го обединат членството на СДСМ во секоја општина.

„Првата фаза на процесот на консолидација полека завршува и СДСМ се екипира на сите нивоа“ рече Филипче. Тој истакна дека при избор на раководствата се консултирани огромен број на членови со цел да се изберат вистинските луѓе кои имаат поддршка внатре, но и надвор од партијата.

„Енергијата се враќа, позитивна е атмосферата во општинските организации и тоа е добро. Но, допрва започнува битката со оваа власт која за само пет месеци целосно разочара. Очекувам од сите максимална посветеност и многу работа за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Силно верувам дека со искрен пристап, нови модерни социјалдемократски политики и многу приземност можеме да ја вратиме поддршката“, им порача Филипче на сопартијците.

Тој истакна дека на 24 ноември се одржува 30 конгрес на СДСМ на кој покрај избор на новото раководство ќе се дефинираат и новите политики на СДСМ.

„Ќе понудиме современ модел на нова идеолошка и политичка платформа на СДСМ како одговор на предизвиците пред кои се наоѓа Македонија. Политики кои ќе значат реафирмација на социјалдемократските вредности, прилагодени на новото време и приоритетите на сите граѓани во нашето општество.

Силен фокус ставаме на економијата, платите и поддршката за граѓаните, но и ги реафирмираме демократските принципи на владеење кои ВМРО-ДПМНЕ ги руши од првиот ден“, истакна Венко Филипче.

Слични содржини