Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

од Nikola Popovski
44 прегледи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче во вечерашното интервју во дневникот на КТВ телевизија, најави дека пратеничката група на СДСМ наскоро ќе поднесе предлог Закон до Собранието со кој граѓаните ќе почуствуваат реално намалување на цените на основните производи.

„Гледајќи што се случува, ќе излеземе со предлог Закон за намалување на цените по мехнизам со којшто граѓаните навистина ќе го почуствуваат намалувањето и ќе има намалување на цените. Тој Закон ќе го поднесеме во Собранието заедно со еден друг пакет на закони и ќе се однесува на 241 прозвод кои се во прехранбената кошничка“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче посочи дека одлуката за предлог Законот е поради тоа што Владата донесе мерка која што нема реален ефект врз намалување на цените.
„Граѓаните мора да се свесни дека ќе имаат се помалку пари во џебовите , сега ќе се соочат и со кризи, ќе има ценовни шокови како што има секоја есен и зима.За жал не гледаме дека Владата нешто презема во тој дел.Најавија и донесоа некакви мерки за замрзнување на цените, но во каков тек на настани? Прво ја најавија мерката, потоа ја повлекоа, оставија период од 7 до 8 дена за согласно тоа најавување продавачите на прехрнабени производи да ги прилагодат цените а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплеметираа таа мерка“, рече Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека со владината мерка се опфатени само 70 до 80 производи, за разлика од од мерката во време на Владата на СДСМ, со која во период на најголемите кризи над 500 прехранбени производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени.
„Ние мораме да интервенираме бидејќи сметаме дека Владата е во една целосна конфузија и во една тотална безидејност.Оваа Влада работи целосно спротивно на тоа што го најавуваше за време на предизборната кампања и спротивно на интересите на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Слични содржини