273
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека веќе се размислува како ќе функционираме од есенските месеци.
-Гледајќи дека веќе нема голем интерес преку системот за закажување термини за вакцинација, а во светот веќе почнаа да се појавуваат нови мутации на коронавирусот, принудени сме да почнеме да размислуваме за воведување на некаква форма на рестрикција со цел да се спречи есенскиот бран на пандемијата. На пример, вакцинален сертификат да мора да се приложи на сите настани со масовно присуство на отворено или на затворено. Тоа значи дека невакцинираните лица нема да можат да влезат на некој културен или спортски настан каде што присуствуваат повеќе луѓе“, рече Филипче.