Филипче: Се соочуваме со силен бран на вирусот, состојбата е сериозна

Министерот за здравство, Венко Филипче утринава со директорите на интерните клиники оддржа состанок, на кој беа разгледани моменталната состојба на исполнетите ковид центри, состојбата на пацинетите и тоа како се лекуваат, расположливоста на медицинскиот кад, како и можностите и потребите од проширување на болничките капацитети воопшто.

Покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники, д-р. Дејан Докиќ, на состанокот присуствуваа и директорите на нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клинијата за уво, нос и грло, како и кожната клиника.

Како што посочија, на интерните клиники во моментов има 20тина слободни места, а свој испис чекаат и дел од оздравените пацинети кои претходно биле хоспитализирани. Од утре на располагање ќе биде и Клиниката за очни болести, на која има капацитет од 33 болнички кревети.

-„Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не го намалиме ниту редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба“, изјави Филипче.

Слични содржини