275
Во периодот додека модуларната болница беше цело време во функција, здравствените услуги во интерните клиники не престанаа и на ниту еден пациент не му беше скратена можноста да добие соодветна интернистичка здравствена услуга, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
–На ниту еден пациент не му беше скратена можноста да стигне до соодветна интернистичка здравствена услуга. Ова се направи затоа што е попрактичен начин лекарите и сестрите, во рамките на своите јавно здравствени установи, да можат да пружат здравствена услуга. На некој начин, да не мораат физички да ротираат во модуларната болница, објасни министерот Филипче.