Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот. Во таа насока, соопштија од Министерството за здравство, се иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници.
– Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот, вели Филипче
Во контекст на ова, изутрината министерот Филипче се сретна со новиот реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.
– Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата, рече Филипче.