Филипче: Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме

од Vladimir Zorba
82 прегледи

„Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас“, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката.

Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација.

Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме“, додаде тој.

Слични содржини