Филипче: Секој граѓанин кој ќе се вакцинира ќе добие соодветен сертификат

од Берта Китинска
172 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше на кој начин ќе се спроведува вакцинацијата во земјава.

-Преку „Мој термин“ ќе се анализираат податоците за лицата и преку овој систем ќе се информираат матичните лекари кои ќе ги контактираат лицата за да се утврди волјата за вакцинација. По што самиот лекар ќе ги внесе податоците и ќе чека повратна информација за тоа каде лицето односно на кој пункт ќе се вакцинира, датум и време. Следната недела ќе биде достапен и сајтот каде исто граѓаните ќе можат да аплицираат, а пота податоците ќе се анализираат. Термините помеѓу вакцинацијата ќе бидат на 10 минути. Се очекува 2000 до 2.500 граѓани да бидат вакцинирани на дневна основа , рече Филипче.

Тој изјави дека за секој граѓанин што ќе прими прва вакцина, обезбедена е и втора по 21 ден . И секој граѓанин ќе добие соодветен сертификат.

-Прво ќе примнаат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица , како и матични лекари и вработени во лаборатории. Здравствените работници ќе се вакцинираат на еден пункт, а другите од Скиопје во поликлиниката ,,Букурешт” , а од други градови во вакциналните пунктови во градовите.Втората група се лицата на возраст од над 70 години, рече Филипче.

Слични содржини