Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил, за сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат, даде информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.
„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.
Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa
Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата“, сподели Филипче.