187
„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик“, изјави вчера на прес-конференцијата министерот за здравство. Венко Филипче.
Тој повторно напомена дека поддршката на граѓаните е најважна и нивно целосно почитување на мерките и солидарност.
„Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост, постепено, се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширењето на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, напиша Филипче.