Филипче: Скандалозна одлука на ДКСК за Христовски, мали деца видоа дека факултет е завршен за една година

од Nikola Popovski
131 прегледи

Тоа што Артан Груби ја напушти државата на начин на кој што ја напушти и имаше контроверзни соопштенија од страна на власт, ни дава за право да мислиме дека тоа е договорено. Знаеме дека камерите не работат на батерии. Тоа граѓаните го слушаат и го знаат. Ние повеќе пати укажувавме дека има проблем со тоа како функционира границата со Косово, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција за сомнежите околу бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби од земјава.

Претседателот на СДСМ беше запрашан и за вчерашната одлука на ДКСК дека нема основа за постапка против именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ. Според Филипче, скандалозно и недозволиво е да се донесе таква одлука дека се ненадлежни да проверуваат и утврдуваат автентичност на документите кои бараат експертиза надвор од нашите надлежности.

-Сите ги видовме дипломите на директорот на АНБ. Малите деца од основно училиште видоа дека факултет е завршен за една година. Недозволило е да помине таква одлука врз основа на некаква анализа направена на инспектори од ДПИ. Ја повикувам министерката за образование да не аминува одлука во која што факултет може да се заврши за една година. Нека се преиспита уште еднаш таа анализа на факултетот. Уште еднаш да се разгледуваат документите во ДКСК. Малите деца видоа какви се тие дипломи од тој факултет. Каква порака се испраќа? Под будно око сме. Не поминуваат такви работи. Како ќе им објасните сега на младите кои што учат и студираат, сега им кажувате дека некој може да помине со таква диплома за една година. Зошто таква брутална партизација и газење на интелектот во државата, рече Филипче.

Слични содржини