Министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил објаснувајќи ја новата анализа на МЗ повторно упати апел за помасовна вакцинација.
-Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8%. Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е 100%, покажува анализата. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид 19, ниту еден од нив не бил вакциниран.Важно е граѓаните да се вакцинираат, затоа што секоја вакцина е безбедна и ја намалува шансата од заболување, но и ја спречува тешката форма на болеста и штити од смрен исход. Апелирам граѓаните кои досега се немаат вакцинирано, да го сторат тоа уште денес, напиша Филипче.