Филипче со апел до младите: Помогнете им на возрасните да се регистрираат, убедете ги да се вакцинираат

од Берта Китинска
144 прегледи

Возрасните граѓани се оние кои се во најголем ризик од коронавирусот. Задоволен сум што одлично напредува вакцинацијата токму кај овие категории, но се’ уште има значителен број кои не се пријавени за вакцинација, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој апелирам на помасовност во пријавувањето посебно за лицата кои се во ризик.

-Апелирам до младите – помогнете им да се регистрираат, убедете ги да се вакцинираат и објаснете им зошто е тоа значајно на вашите возрасни родители, баби, деовци, соседи. Примарната цел на вакцинацијата е да го намали ризикот од смртен исход, а тоа ќе го постигнеме само ако вакцинираме што поголем процент на возрасни граѓани, вели министерот.

Слични содржини