Филипче: Со извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите

од Vladimir Zorba
177 прегледи

„Со измените на Законот за опојни дроги, поточно измена во извозот на цветот од канабис, економскиот бенефит ќе го почувствуваат и пациентите“, сподели министерот за здравство Венко Филипче.

„Таа програма на Владата преку која ќе се регулира како ќе се користат средствата од даноците ќе биде наменета, меѓудругото и на програмите во Министерството за здравство.

Декриминализацијата на канабисот е комплексно прашање и опфаќа повеќе сектори и повеќе институции и во овој процес клучни се идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, Министерството за здравство, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи. Оваа дебата треба да се развие, а следен чекор е промена не само на Законот за опојни дроги туку и на други закони“, додава тој.

Слични содржини