Филипче: Со полицискиот час го штитиме Скопје

од Берта Китинска
318 прегледи

Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти, дека циркулираат низ целиот град, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук.

Тој вели дека со новите донесени мерки и полициски час ќе се заштити градот.

-Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје. Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред се заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, вчера донесовме одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, напиша Филипче.

Од денес од 21.00 часот до понеделник до 5.00 часот наутро, се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје. Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје се предлагаат за сите општини, бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес конференција министерот за здравство Филипче истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

Слични содржини