Филипче со тимот колеги успешно изврши операција на рбет: „Пациентот повеќе нема да има здравствени тегоби“

од Nikola Popovski
342 прегледи

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче информираше дека утрово на Клиниката за неврохирургија со неговите колеги успешно извршиле операција на ‘рбет.

-Пациентот повеќе нема да има здравствени тегоби, кои претходно го нарушуваа неговото секојдневно функционирање. По постоперативното опоравување тој ќе се врати на неговите секојдневни активности, објави неврохиругот.

Филипче пред речиси месец и половина беше дел од тим кој изврши операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна пациентка.

-На Клиниката за неврохирургија, неколку часа во операциона сала, поминав со д-р Марина од Тетово и д-р Катерина од Битола, специјализантки на неврохирургија. Моите млади колешки се надеж за успешна работа и напредок на Неврохирургија, а наша должност е да се вложиме максимално за специјализантите да добијат соодветно знаење и потребно искуство. На пациентката и посакувам побрзо опоравување. На младите колешки им посакувам да продолжат да работат со голем ентузијазам, соопшти тогаш поранешниот прв човек на здравството на социјалните мрежи.

Слични содржини