Филипче со верските лидери: Им укажав за ризиците од групирањето на верниците во затворени простории

од Nikola Popovski
284 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека денес се сретнал со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

„На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници“, стои во објавата на министерот, при што се додава дека се согласиле дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период.

Комисијата за заразни болести, препорачала досегашните рестриктивни мерки да бидат продолжени уште една недела.

Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Исто така, од претходно на сила е и забраната за групирање на повеќе од четири лица.

Слични содржини