Филипче: Состојбата со болниците е сериозна, граѓаните да ги почитуваат мерките

од Берта Китинска
159 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче по утринската координација со директорите на ковид центрите, истакна дека здравствениот систем секојдневно се менаџира, но дека состојбата со болниците е многу сериозна. Порача д граѓаните да ги почитуваат мерките.

-Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите…Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Слични содржини