277
Состојбата останува стабилна, но и натаму има голем број заболени и хоспитализирани лица. Имаме околу 150 и 200 слободни болнички кревети на територија на целата држава, вели министерот за здравство Венко Филипче.
-Р0 факторот на преносливост на вирусот е под 1, односно 0,95, но ова не смее да не опушти и да доведе до влошување на ситуацијата, Модуларните болници се во фаза на поставување. Во Гевгелија е завршена инсталацијата, сега следуваат модуларните болници во Штип, Кичево, Струга, Битола, Струмица. Има одредено доцнење поради блокадата на опозицијата во техничката влада, вели Филипче.