Министерот за здравство Венко Филипче по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите информираше дека состојбата со вирусот се смирува.
-На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите ја анализиравме состојбата во изминатите 24 часа. Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна.Апелирам на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои, напиша Филипче.