Филипче: Средношколците од Тетово и Гостивар да имаат онлајн настава во првите две недели

од Nikola Popovski
252 прегледи

Министерството за здравство по препорака на Комисијата за заразни болести на ГККШ и Владата, ќе предложи средношколците од Тетово и Гостивар и од тој регион, првите две недели од почетокот на школската година, наставата да ја следат онлајн, информира попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, оваа препорака е поради актуелната епидемиолошка состојба во овој крај и исклучително сериозната ситуација во болниците во Полошкиот регион.

-По анализите кои ги направивме денеска на Комисијата за заразни болести, констатиравме дека средношколците доаѓаат од повеќе места со организиран превоз, а тоа може да предизвика дополнително влошување на состојбата. Комисијата ќе ја следи епидемиолошката состојба и понатаму и доколку има дополнителен ризик фактор ќе се донесат нови одлуки, или ќе се предложи олабавување на рестиркциите доколу состојбата се подобри. Ова денеска им го образложив и на локалните власти во Општината на средбата што ја имав со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, додаде Филипче.

На сите останати населени места низ земјава, наставата ќе продолжи според планираното на 1-ви септември, со физичко присуство.

Слични содржини