Филипче: Српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарините

од Берта Китинска
439 прегледи

Министерот за здравство Венко Филиче кој е во посета на Белград на српскиот институт „Торлак“, изрази благодарност до српскиот претседател, премиерката и министерот за здравство Лончар за донираните вакцини како и за можноста на македонските граѓани да примаат вакцини во Србија.

-Во знак на благодарност српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарините во нашата земја, рече Филипче.

Тој напомена дека Македонија ќе стане стратешки партнер со институт „Торлак“,кој зпочнува со производство за вакцини против ковид 19.

Слични содржини