Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки, ова е непочит кон оние кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата

од Берта Китинска
415 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук изрази разочарување од собирот на верниците што се одржа попладне во Струга и побара да се спроведе истрага како се дозволило да се случи.

Апелира до граѓаните да се воздржат од собири и да се почитуваат мерките со цел да се задржи позитивниот тренд во справувањето со вирусот Ковид -19.

-Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет. Апелирам до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала, стои во објавата на министерот Филипче.

И вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во остри реакции вечерва побараа одговорност и истрага кој дозволил и допуштил за време на вонредната состојба масовен црковен собир во Струга.

„Во градот каде што смртноста од вирусот е 20 отсто од бројот на заразените, ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега ниту една мерка нема смисла. Ќе има одговорност!“, напиша Османи на Фејсбук.

Слични содржини