Филипче: Треба да сме совесни, граѓаните да не организираат куќни слави

од Берта Китинска
494 прегледи

Здравствениот систем сега е оптоварен со невакцинираните лица, уште еднаш апелирам граѓаните да се вакцинираат,  вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој упати апел до граѓаните да не организираат семејни слави.

-Видовме дека рестрикциите за движење на населението немаа резултат. Од семејните слави, ифтари  имавме многу мини  бранови и ние како држава тоа не може да го контролираме. Затоа е свеста и совеста на граѓаните многу важна.Сега доаѓаат славите ги замолувам граѓаните да не ги организираат прославит, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи, кажа Филипче.

Слични содржини