Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника ќе се вклучат во работата на ковид центрите и ќе им помогаат на пациентите.
„Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето за помош и тоа е за огромна почит. Триесетина млади лекари кои се на приватна специјализациија на Клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника покажаа желба и спремност да се вклучат во работата на ковид центрите и да им помогнат на нашите пациенти. Исто така, денеска разговарав и со младите лиценцирани лекари за нивен ангажман во здравствените установи. До крајот на неделата ќе ги допрецизираме условите за нивно приклучување“, вели Филипче.