Министерот за здравство, Венко Филипче посочува дека ако продолжи да се шири заразата со оваа динамика, постои опасност од дефицит на кревети, ова тој го изјави на вечерашното гостување во ТВ Сител.
„Не е соодветно да сместуваме ациенти на одделенија или објекти кои не се предвидени за Ковид. Секаде кадешто има кадар ќе бидат сместени пациентите. Тоа е по пример на соседните земји и Германија, кои го мобилизираа целиот свој кадар, со оглед на тоа дека и кај нив болничките капацитети брзо се полнат.Следните чекори се во рамките на сите интернистички клиники, кревети има доволно, меѓутоа кадарот треба да се мобилизира. Исто така се предвидува и сместување на заразени пациенти на хирурушките клиники“, вели Филипче.
Министерот потенцираше и дека тоа ќе биде првпат во историјата целиот систем да лекува само една патологија, се со цел како што вели, да се намали притисокот кој во моментов го имаат сите здравствени системи.