236
На денешната прес-конференција министерот Венко Филипче изјави дека ќе се следи растот на новозаболени со коронавирусот и па според нив ќе се одреди дали ќе се укине полицискиот час.
-На утрешниот состанок ќе се дискутира како ќе биде регулиран полицискиот час.Денеска имаме зголемување на бројот на нови дијагностицирани. Во следниве денови ќе следиме дали оваа бројка ќе покаже некаков тренд на зголемување или не. Па според нив ќе видиме дали ќе се намалат мерките. Засега, остануваат на сила сите мерки , изјави Филипче.