280
Министерот за здравство, Венко Филипче сподели фотографии од операцијата која ја извеле утрово на врз 34 годишна пациентка.
„Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. Пациентката се чуствува одлично после операцијата, и посакувам брзо заздравување“, напиша Филипче.
Министерот по професија е доктор неврохирург.