264
Во рамки на денешниот Меѓународен ден на децата болни од канцер, министерот за здравство, Венко Филипче го посети одделот за онкологија и хематологија и изрази благодарност до тимот којшто работи на лекувањето на овие мали пациенти.
Во таа насока, истакна и благодарност до Макстил за средствата донирани за реновирање на одделот за детска онкологија.
„Успешноста во лекување на детските малигноми на Клиниката за детски болести е над 80%, благодарение на овој тим – моите колеги на Одделот за хематологија и онкологија на оваа клиника.
Денеска, на Меѓународниот ден посветен на децата кои се борат со канцер, ги посетив колегите и им искажав искрена благодарност за пожртвуваноста, професионалноста и неуморната работа во третманот на децата со малигнитети. Се гордеам со нивната досегашна работа, продолжуваме да работиме посветено за нашите мали херои.
Денеска добивме уште една убава вест. Во насока на оддржување на повеќегодишниот континуитет на соработката на Макстил со Клиниката за детска болести е и поддршката во делот на реновирањето на Одделот за детска онкологија, кој би прераснал во регионален центар за лекување на деца погодени од канцер“, стои во фејсбук објавата на министерот Филипче.