Од Министерството за здравство информираат дека утрешното пристигнување на вакцините АстраЗенека ќе биде пречекано од министерот Филипче и неколку други преставници на Министерството.
„Министерот за здравство д-р Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, утре (28.03.2021) на меѓународниот Аеродром во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка на вакцини против Ковид 19 кои треба да пристигнат во државата преку Ковакс механизмот“, стои во соопштението на МЗ.
Министерот Филипче пред неколку дена објави дека „во недела 28 март, во 07:55 часот во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот“.
Од Министерството известуваат и дека настанот ќе има и медиумска покриеност.