Филипче: Утре ќе предложиме мерки за невакцинираните

од Nikola Popovski

Министерор за здравство Венко Филипче денеска информираше дека утре ќе имаат состанот на Комисијата за заразни болести, на кој ќе се разговара за воведување на рестриктивни мерки за справување со пандемијата.

-Закажан е состанок на кој ќе комуницираме за какви мерки ќе се воведат. Ќе излеземе со конкретни предлози кои ќе ги доставиме до владата. Пред се, тие ќе се однесуваат на невакцинираните, вели Филипче.

Според него, болничкиот систем во моментов е оптоварен од невакцинираните и тоа не смее да го толерираме во време кога имаме голем број вакцини.

-Доаѓа време на зимска сезона и настинки и не е дозволиво да не се вакцинираат граѓаните, додава Филипче.

Слични содржини