Филипче: Ужувајте во играта и покажете им на сите колку вредите

од Vladimir Zorba
124 прегледи

„Вие за нас сте веќе победници. Самиот пласман на Европското првенство е историски успех, сега ужувајте во играта и покажете им на сите колку вредите. Веруваме во вас, само напред!“, сподели министерот за здравство, Венко Филипче пред дуелот со нашата репрезентација со Австрија.

Дуелот започнува од 18 часот, а во Букурешт има и голем број на македонски навивчаи кои ќе ги бодрат „црвено-жолтите“.

Претходно и премиерот Зоран Заев, МНР Бујар Османи и министерот за економија,Крешник Бектеши споделија дека на лице место ќе дадат поддршка за репрезентацијата.