На прашањето кога ќе се вакцинираат хронично болните бидејќи тие не се на листата за приоритет, министерот за здравство Венко Филипче изјави министерството остануваме на ставот дека вакцинацијата ќе продолжи согласност возраста на граѓаните.
-Нашиот став е дека согласност возраста ќе се вакцинираат сите коишто се пријавени, знаат и здруженијата на хронично болните со глед дека има голема бројка на граѓани кои имаат хронични болести. Нашиот став е дека ќе одиме по возраст, како ќе пристигнуваат нови количини на вакцини. Затоа апелирам да се пријават согласно пријавувањето. Ќе се вакцинираат по велигденските празници кога ќе сигне поголема количина од кинеската вакцина „Синофарм“.
Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во вторник на 4 мај, по Велигденските празници.