Поради зголемениот интерес за вакцинација денеска се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.
-Повикувам на уште поголема заинтересираност од страна на граѓаните и доколку е потребно да се адаптираат дополнителни пунктови, истото ќе биде направено во најбрз временски рок. Вакцини има во доволен број, подеднакво се надополнуваат потрошените количини во пунктовите низ државата. Се вакцинира со сите достапни вакцини и без закажан термин, на располагање се вакцините на Синовак, Астра Зенека и Фајзер. Вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид 19 вурусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар, прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
Од министерството за здраввство информираат дека 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.
-Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%, велат од МЗ.