Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, сподели министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Вакцинирањето, вели тој, ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти. Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа би изгледало.
Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите, смета Филипче.