Филипче: Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, кој ќе биде подготвен да се бори против вирусот

од Берта Китинска
759 прегледи

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци: 14.500 помалку заразени 4.595 помалку неделни хоспитализации вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%.2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот.Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. ВакцинирајСе! Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас, пишува Филипче.

Слични содржини