401
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека 10 000 вакцини од компанијата „Фајзер“ во земјава доаѓаат на 19 и 26 април, а до крајот на месецов околу 76.000 дози од „Астра Зенека“.
Во однос на тоа како да се покрене свеста за повеќе граѓани да се пријават за вакцини, министерот вели дека со доаѓањето на поголеми количини на вакцини сликата полека ќе се менува.
-Верувам дека како ќе пристигаат вакцините така сликата ќе се менува, свеста за овој процес ќе се смени и со самото доаѓање на нови количини на вакцини, вели Филипче.