Филипче: Ваква форма на нов Клинички центар со ваков габарит не може физички да биде сместен на ниту едно друго место

од Nikola Popovski
309 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче истакна денеска на прес-конференција дека за проектот за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров треба да покажеме капацитет за консензус.

– Како што сега сме блиску до реализација на еден ваков сериозен и најкомлексен проект воопшто никогаш не сме биле и треба да го искористиме тоа. Ако има контрааргументи може да разговараме и за тие опции, истакна Филипче.

Ваков еден голем проект, потенцира министерот, кој е во интерес на сите граѓани и кој ги задоволува потребите во неколку децении пред нас во смисла на тоа да понудиме инфраструктура во која ќе работат наши експерти со соодветна модерна нова и на граѓаните ќе им овозможи да добијат современа здравствена услуга, прво нема алтернатива, но во исто време сите чинители треба овој процес да го туркаат заедно.

– Тоа се близу 500 милиони евра, а во самата тендерска постапка можно е цените да паднат. Почнавме реализација на активности во доменот на надлежностите во однос на подготовка на инфраструктурата за една таква гринфилд локација. Се започна со спроведување на тендерската постапка, аплицираа четири компании, а во втората фаза се квалификуваа две компании, француската „Буиг“ и германската „Вамед“, кои се едни од најголемите и најпознати европски компании кои работат во сферата на изградба на болници, рече Филипче.

Тој на прес-конференцијата го прикажа тоа што било направено како цртежи во делот на иницијалните разговори од втората фаза од компетитивниот дијалог, по што рече дека ваква форма на нов Клинички центар со ваков габарит не може физички да биде сместен на ниту едно друго место.

– Верувам дека опозицијата ќе собере и сила и храброст да се придружи кон овој процес, дека можеме на многу конструктивен начин да разговараме. Верувам дека и покрај сите обиди за политизација или за фрлање сомнеж, па и обиди за лична дискредитација преку сомнежи за корупција криминал итн. дека сепак ќе се надминат тие разлики и ќе покажаме сите дека имаме капацитет и волја да се реши ова повеќедецениско прашање во интерес на тоа граѓаните да имаат квалитетна здравствена заштита, додаде Филипче.

Слични содржини