Филипче: Вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани

од Берта Китинска
268 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани.Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 35% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, информираше Филипче.

Слични содржини