239
Екс министерот за здравство, неврохирургот Венко Филипче кој редовно на Фејсбук има објави од неговата професионална работа денеска објави дека денот и празничната ноќ ќе ги помине дежурајќи на Скопската Клиника за неврохирургија.
„Дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа. Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа.
Бидете весели, насмеани и среќни, но славете мирно и безбедно.
Во новата 2023 година да влеземе со многу оптимизам, свесни дека со заеднички труд и посветеност ќе може да ги реализираме сите важни прашања за нашата земја.
Среќна Нова Година!“, напиша Филипче на Фејсбук.