Филипче: Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини АстраЗенека преку Ковакс системот

од Nikola Popovski
263 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека вечерва пристигнала нова пратка од вакцините на компанијата АстраЗенека.

„Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот АстраЗенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот“, истакна тој и додаде дека истите ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години.

„Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk“, посочува Филипче.

Утре наутро во Македонија пристигнуваат уште 100.000 дози кинески вакцини против коронавирусот, односно министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со министерот Филипче утре во поликлиниката „Јане Сандански“, пред складиштето за вакцини во 09:00 часот, ќе ја примат донацијата од Министерството за одбрана на Народна Република Кина.

Слични содржини