Филипче: Веќе нема оптоварување на здравствените услуги, Кичево доби модуларен Ковид-центар

250 прегледи

Изведбата и поставувањето на модуларниот Ковид-центар во Кичево е завршена. Центарот е поставен на површина од 700 метри квадратни, а во него ќе има достапни 45 болнички капацитети.

Ова е ново олеснување на веќе постоечкиот болнички комплекс, а е од голема важност за граѓаните.

Сега, како што вели министерот за здравство, Венко Филипче, евентуалното оптоварување, нема да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуги.

Министерот исто така, посочи дека почнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда.

Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија. Активно вложуваме во здравствената инфраструктура, затоа што јавното здравје е нашата заедничка одговорност, потенцира Филипче

Слични содржини