Филипче: Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација

од Берта Китинска
204 прегледи

Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

 

-Отсега брзо, лесно и едноставно можеш да го сториш тоа. Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите, може да ставиме крај на пандемијата. Биди одговорен, грижи се за себе и своите најблиски, напиша Филипче на Фејсбук.

Слични содржини