Филипче ветува квалитетно здравство и транспарентни институции, во служба на граѓаните

од Берта Китинска
312 прегледи

Силни, отчетни и транспарентни институции – во служба на граѓаните. Квалитетно здравство достапно за сите. Според овие начела ќе се водам и во следниот мандат, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

„На денешната средба со Претседателот Стево Пендаровски, ние министрите од новиот владин состав, се обврзавме дека ќе работиме тимски, одговорно и чесно за да го реализираме ветеното пред граѓаните кои ни ја дадоа довербата. Ќе работиме посветено и ќе ја движиме земјата напред, по правиот пат и во вистинската насока“, напиша Филипче.

Слични содржини