Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, објасни дека бројката од саботата, исто како и некои претходни варијации т.е отскокнувања од некоја вообичаена бројка, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип.
„Една од неколкуте конфекции во кои имаше поголем број заразени е веќе затворена, таму каде што се најдени спорадични случаи вчера во координација со градоначалникот ќе зборуваме со сопствениците, за да видиме дали според епидемиолошките анкети има потреба и тие да се затворат за да се намали ризикот од пренос на вирусот „ –изјави Филипче.
Филипче појасни дека високата бројка не е тренд, туку варијација, заради тоа што јасно е идентификуван бројот на ново дијагнсотицирани пациенти и јасно е утврдено со епидемиолошките прашалници кои во голем процент се завршени, од каде потекнува изворот и трансмисијата на вирусот. Во таа смисла, вкупната бројка кога тоа ќе се изземе, е она што е тренд сите овие изминати денови односно целиот изминат период. Еден одреден процент, константен, во однос на вкупниот број на ново дијагнсотицирани отпаѓа на град Скопје, сите други ширум државата.