Филипче: Владата денес треба да ја одобри набавката на 100.000 вакцини Спутник V

од Nikola Popovski
169 прегледи

„Кина побарала дополнителни документи за да ги испорача вакцините исто како и компанијата Фајзер. По потпишувањето на анекси со АстраЗенека на барање на компанијата преку КОВАКС системот најавите се дека 20-30.000 вакцини треба да пристигнат до почетокот на март. И во делот на руските вакцини, како што најави премиерот Заев ќе набавиме количина од 100.000 вакцини, за што веќе го добивме драфт договорот, за што веќе во текот на денот ќе има затворена седница на која Владата треба да го усвои“, соопшти денес министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање на граничниот премин Табановце, по примопредавањето на вакцините од соседна Србија.

Согласно најавата од страна на компанијата Фајзер, Филипче потврди дека првата пратка требаше да стигне во фервуари, но дека укажувањето сега од последните разговори е дека доцнењето е заради тоа што вкупното производство на компанијата е намалено со цел да ги надгради капацитетите за во текот на 2021 година.

Слични содржини