„Опозицијата сама себеси се фати во лага, но тие се навистина патолошки зависни од лажни вести“, вака министерот Венко Филипче ги коментираше изјавите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наводна уплата на околу 10 милиони долари на фантомска фирма во Хонг Конг за набавка на вакцини.
Филипче рече дека опозицијата сама се фатила во лага, и константно се служи со лажна вест.
„Прво обвинуваа за уплата од 12 милиони евра. Јас јавно кажав за начинот на кој се обидувавме да стигнеме до вакцина. Тие пари беа уплатени, па вратени потоа во Буџетот и сето тоа е објавено на јавни финансии. Не е ништо спорно. Ваквите клевети не се соодветни, не одат во насока на ништо конструктивно. Нивниот цел процес им се темели на лажни вести“, додаде министерот на прес-конференцијата.