162
Утрово имав координација со директорите на Клиниките во Скопје, директорот на КБ Тетово и Институтот за белодробни заболувања Козле. Навремено ги поставуваме здравствените ресурси и разговаравме за предизвиците со кои може да се соочиме со новиот бран, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Системот се организира, болниците ги подготвуваме за сите можни сценарија, лекување на ковид пациенти, но истовремено да продолжи да тече редовниот програм за итните случаи и пациенти со малигни заболувања како и ротации на персоналот.
Во болниците се чуствува притисок за хоспитализации, критични се неколку градови, затоа здравствениот систем секојдневно го менаџираме, додаде тој.