Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека сме во фаза на пикот на епидемијата, а со новата апликацијата „Стоп корона“ ќе се следат луѓето кои се во самоизолација.
-Оваа состојба нема да се среди одма, размислува и како ќе се организираме по оваа болест се до крајот на годината за стекнување на колективниот имунитет. Планирам да направиме скрининг во областа на Дебар каде нема нови заболени лица и се еволуира имунитетот, вели Филипче.
Тој информираше дека на Инфективна клиниката има вкупно 68 пациенти позитивни на коронавирусот.
На Инфективна има вкупно 68 пациенти, 8 се вклучени на респиратори во функција наскоро ќе биде и мобилната болница.Во 8 – Септември има 31 пациент, од нив 6 се на респиратори. Нови лабаратории наскоро во функција ќе идат во МНАУ и Судска медицина, изјави Филипче.